За нас

     Здружението за правно образование и унапредување на правната наука и практика Мој Правен Советник од Скопје претставува стручна, невладина, непартиска и непрофитна организација, основана во 2016 година од студенти на правни студии.

     Основањето на ова Здружение е резултат на желбата на група правници да ги промовираат, унапредуваат и укажуваат на правата на граѓаните. Визијата ни е да станеме силна организација преку која ќе работиме кон подобрување на правниот сустем и човековите права во државата. Преку нашата работа на промоција и унапредување на човековите права, ние всушност ја подобруваме социјалната и економската состојба.

     Посебен фокус на нашата работа се унапредувањето и решавањето на итните потреби на граѓаните, посебно на потребите на ранливите групи граѓани. Покрај документирање и јавна осуда на неправдите во општеството, нашата работа вклучува и правна помош овозможена на граѓаните за да ги остварат своите права и да ги променат своите животни услови.

     Здржението покрај истражувањата и проблематиката на правото и правдата, постојано ги следи и активно учествува во реформите во правниот систем во Република Северна Македонија, и тоа преку подготвување и одржување на работилници, тркалезни маси и советувања за актуелни прашања преку кои ја манифестира својата одговорна улога и значителна положба во невладиниот сектор.

Контакт

За повеќе информации контактирајте.

Булевар „Македонска војска“
бр. 10/1-11 Скопје

info@mojpravensovetnik.mk

Испратете ни Електронска Пошта