За Партнерите

 

 

„European Endowment for Democracy (EED)“ е независна организација за грантови, формирана во 2013 година од Европската унија (ЕУ) и земјите членки на ЕУ како автономен меѓународен фонд за доверба за негување на демократијата во европското соседство, западен балкан и пошироко.

EED ги поддржува граѓанските организации, про-демократските движења, граѓанските и политичките активисти и независните медиумски платформи и новинарите кои работат кон плуралистички и демократски политички систем. Тука исто така се вклучуваат новосоздадени или нерегистрирани организации, неформални платформи, младински групи и поединци. Особено, EED ги поддржува оние кои не можат да бидат поддржани од други донатори и постојните инструменти на ЕУ. Поддршката е зависна од придржување кон демократските вредности, почитување на човековите права и почитување на принципите на ненасилство.

Работата на EED ја надгледува нејзиниот Одбор на гувернери и Извршниот комитет, составен од претставници од институциите на ЕУ и земјите членки на ЕУ и експерти од граѓанското општество за поддршка на демократијата. Дневните активности на EED ги спроведува Секретаријатот со седиште во Брисел.

Контакт

За повеќе инфомрации контактирајте.

Булевар“ Македонска војска“
бр. 10/1-11 Скопје

info@mojpravensovetnik.mk

Испратете ни Електронска Пошта