Важни за анализа се средните училишта во кои за жал се случува посериозен тип на насилство, па дури и кривични дела. Со цел понатамошното утврдување на ризик факторите кои придонесуваат за детско престапништо, значајна ќе биде компаративната анализа од добиените податоци од основните и средните училишта заради утврдување на развојот на „насилништвото“ кај конкретна група на деца набљудувана од аспект на мерките кои биле применети врз нив.

Во сликата се прикажани податоците од спроведеното истражување „Актуелна состојба за постоење, превенција и справување со насилство во средните училишта“, во 15 (петнаесет) средни училишта во осум општини од Р.С. Македонија, од Коалиција на младински организации СЕГА, објавено во јули 2019, од кое произлегле горните заклучоци.

За дополнителни податоци по однос на оваа тема клик на линкот во био што води до објавената анализа на ризик факторите за појава на детско престапништво дел од проектот „Превенција на детско престапништво“ финансиски подржан од програмата Цивика Мобилитас.