📎Во нашиот правен систем постои Фонд за осигурување на депозити, кој, по правило кога ќе настане ситуација како што е конкретната – одземање на дозвола за работа на банка, е должен да изврши исплата на осигурените депозити. Осигурување на депозитите е обврска на сите банки и штедилници во нашата држава.
👉Под депозити се подразбираат: денарските и девизните депозити, сертификатите за депозит, трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички и девизни приливи на физичките лица.
👉Предмет на исплата се главнината на депозитот, договорената пресметана и пропишана камата и непристигната камата во денарска противвредност до 30.000 евра во денарска противредност.
👉Па така, состојбата за физичките лица кои имаат побарување во висина на депозит до осигурената сума е на сигурно, освен ако не спаѓаат во депозити кои Фондот не ги обесштетува или имаат обврска спрема банката. Тука спаѓаат депозити на кои банката им дала привилегирани каматни услови, различни од оние кои ги објавила банката, депозитите на сопственици на банката кои имаат над 5% од акциите со право на глас и нивните роднини од прв степен, депозити на органите на управување на баката и нивните роднини од прв степен и трансакции поврзани со перење пари.
👉Лицата кои имаат обврска спрема банката, вкупниот износ на депозитот се намалува за висината на обврската спрема банката.
⚠️Физичките лица кои имаат депозит поголем од 30.000 евра, остануваат доверители со утврдено побарување во стечајната постапка и остатокот на своето побарување може да го наплатат по впаричување на стечајната маса.