👉Македонско пенолошко друштво Скопје во соработка со Здружение за кривично право и криминологија на Македонија – Скопје, Совет за превентива против малолетничка деликвенција и Здружение Мој Правен Советник Скопје здружени во една организација 🖇 под името Правничка Истражувачка Мрежа (ПИМ), следните 18 месеци ќе работат на проектот „Превенција на детско претстапништво“ финансиски поддржан од страна на ЦИВИКА МОБИЛИТАС (https://civicamobilitas.mk/).👈

Повеќе за донаторот ЦИВИКА МОБИЛИТАС во следниот пост‼️

📌Општата цел на овој проект е намалување на детското престапништво во државата. Специфичната цел е мапирање на локалните ризици (во 4 плански региони: Скопски, Југозападен, Полошки и Вардарски) и подобрување на институционалната клима.

📎Оттука, поврзаноста помеѓу општата и специфичната цел е следната: превенција на детското престапништво е можно доколку подобро е разбрано потеклото на феноменот и доколку институциите изградат и спроведат подобри политики. За подобро да се разбере изворот на детското престапништво потребна е соодветна научна анализа🔎, односно да се дознае кои се основните причинители (ризици) на детското престапништво земајќи ги предвид локалните фактори. Откако подобро ќе се разбере коренот на детското престапништво, политиките можат да бидат сообразни. На крајот, не е доволно само да се изградат политики засновани на научни сознанија (evidence-based policies) туку и институциите адекватно да функционираат, со цел спроведување на политиките.
#CivicaMobilitas
#МојПравенСоветник