📌Кривично дело – Уништување на изборен материјал
👉Тој што ќе уништи, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да биде неупотреблива исправа, книга или спис што служи за изборите или гласањето, ќе се казни со затвор најмалку три години.
👉Ако делото го стори член на изборен орган или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, ќе се казни со затвор најмалку пет години.
👉Ако делото е сторено од група, со употреба на оружје или насилство, сторителот ќе се казни со затвор од најмалку пет години.
⚠️Исправа е секој предмет што е подобен или одреден да служи како доказ на некој факт што има вредност за правните односи.
⚠️Јавна исправа е исправа издадена од надлежен орган, организација или лице кое врши работи од јавен интерес врз основа на закон или друг пропис заснован врз закон.