📌Кривично дело – Поткуп при избори и гласање
👉Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку пет години.
👉Ќе се казни и лице со избирачко право кое ќе бара за себе подарок или друга корист или ќе прими подарок или друга корист, за да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право.
👉Ако користа е од помала вредност, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. Ако делото го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.