📌Спречување на избори и гласање
👉Тој што со употреба на сила, сериозна закана или на друг начин оневозможува или спречува одржување избори или гласање или го оневозможува или спречува утврдувањето или објавувањето на резултатите од гласањето, ќе се казни со затвор од најмалку 3 години.
👉Тој што со употреба на оружје, експлозивни или други опасни направи, со примена на насилство спрема две или повеќе лица или во организирана група, или на подрачјето на две или повеќе избирачки места, ќе се казни со затвор од најмалку 5 години.
⚠️Како избори и гласање се сметаат изборите за претставници на граѓани во Собранието на Република Северна Македонија и во локалната самоуправа, за претседател на Република Северна Македонија и изјаснувањето на граѓаните на референдум.
⚠️Како сила се смета и примената на хипноза и замајни средства со цел некој да се доведе против своја волја во несвесна состојба или да се онеспособи за отпор.
⚠️Под експлозивна или друга смртоносна направа се подразбира секакво оружје или експлозивна или запалива направа, што може да предизвика смрт, телесна повреда или поголема имотна штета преку физичка повреда, емисија или ширење на штетни хемиски материи, биолошки агенси, токсични или слични супстанции или зрачење на радиоактивни материи, како и секое оружје или направа создадена за таква намена.