👉Имајќи ги предвид распишаните предвремени избори за 15 јули 2020 година. Во периодот кој следува до нивно одржување ќе ги објавуваме кои се кривичните дела кои можат да се сторат против изборите и гласањето.

📌Согласно чл.22 од Уставот секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право. Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање. Никој не смее да бара од избирачот да каже за кого гласал или зошто не гласал.

⚠️Како избори и гласање се сметаат изборите за претставници на граѓани во Собранието на Република Северна Македонија и во локалната самоуправа, за претседател на Република Северна Македонија и изјаснувањето на граѓаните на референдум.