Случаи во кои може да се користи полиграфското тестирање

📌Полиграфското тестирање или познато како детектор на лаги, се користи во строго утврдена постапка со Упатство донесено врз основа на Законот за полиција со писмена согласност од лицето кое е подложно на такво тестирање. Полиграфското тестирање треба да се прекине од полицискиот службеник доколку лицето по дадената писмена согласност изјави дека истата ја повлекува.

👉На полиграфско тестирање не смее да биде подложено:

📎лице под дејство на алкохол, под влијание на опојни дроги или други психотропни супстанции,
📎лице кое има сериозни срцеви заболувања,
📎лице во стресна состојба,
📎лице кое зема лекови за смирување,
📎лице кое манифестира видливи знаци на душевна болест, заостанат душевен развој или други тешки душевни пречки и
📎жена за време на бременост и непосредно раѓање.

👉При користење на полиграфското тестирање се користи кардиограф, пневмограф и галванограф.

👉Тестирањето се изведува како примарна мерка, односно истото се презема пред сите останати мерки и активности поврзани со лицето за кое постојат основи за сомневање или основано сомневање за сторено кривично дело.

📊Резултатите од полиграфските испитувања имаат мала вредност за научните кругови. Податоците говорат дека околу 75% од толкувањата (анализан на графиконите) се точни🎯, а во 25% се пронајдени субјективни проценки на испитувачот. Според тоа степенот на точност на толкувањето на полиграмите зависи во голем процент од искуството на испитувачот, неговата вештина и знаење, како и општата ментална и емоционална стабилност на испитаникот.

⚠️Полиграфот сам по себе не претставува доказ, туку потврдување на одредени сомневања и изјави од страна на осомничените за сторено кривично дело, односно полиграфот дава правец на истрагата.

📌Повеќе информации за постапката за полиграфско тестирање можете да најдете во „Упатството за начинот на вршење на полиграфско тестирање и содржината на писмената согласност за примена на полиграфската техника“📄 на сајтот на МВР👮‍♂️👮‍♀️.