На ден 25 ноември 2019 година координаторот на проектот „Мој правен советник“ Марија Величковска и асистентот на истиот проект Игор Петровски одржаа состанок со Градоначалникот на Oпштина Валандово, Г-дин Перо Костадинов.

Целта на овој состанок беше детално претставување на проектот „Мој правен советник“, финансиран од European Endowment for Democracy од Белгија и кој во моментот е во фазата на имплементација, на Градоначалникот на општина Валандово.

Оваа средба резултираше со потпишување со Меморандум за соработка за вклучување на Општина Валандово во проектот „Мој правен советник“.