Консолидираниот текст на Законот за градење може да го видите тука Закон за градење (консолидиран текст)

Постапка за издавање на одобрение за градење – Б категорија

чл.59 – чл.68

Постапката за издавање на одобрение за градење од локално значење се води согласно со одредбите на Законот за општата управна постапка, доколку со Законот за градење поинаку не е определено (чл.59 ст.1 од Закон за градење).

За добивање на одобрени за градење инвеститорот поднесува барање во електронска форма преку информациски систем е-одобрение за градење, односно на интернет страницата https://www.gradezna-dozvola.mk до градоначалникот на општината, а постапката ја води одговорен службеник кој ја спроведува на електронски начин согласно системот е – одобрение за градење, во барањето треба да се приложи следнава документација (чл.59 ст.2 од Закон за градење):

– архитектонско – урбанистички проект заверен од надлежен орган, доколку со урбанистичкиот план или урбанистичко-планската документација е предвидена изработка на овој проект,

– основен проект со извештај за ревизија на основниот проект или писмен извештај со согласност за нострификација на основниот проект, доколку истиот е изработен во странство, како и позитивно мислење за проектираниот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата,

– идеен проект доколку истио претходно е доставен и одобрен од градоначалникот на општината,

– доказ за право на градење и

– геодетски елаборат за нумерички податоци за градежното земјиште.

Градоначалникот на општината е должен во рок од пет работни дена од приемот на барањето да ја разгледа доставената документација и да утврди дали барањето е комплетно, дали доставената документација има недостатоци, дали основниот проект е изработен во согласност со прописите за проектирање, урбанистичкиот план или урабанистичко-планската документација или поректот за инфраструктура и дали барателот е единствен носител на правото на градење (чл.59 ст.8 од Закон за градење).

Доколку доставената или дополнетата документација е комплетна градоначалникот на општината е должен во рок од два дена комплетирањето на документацијата или од приемот на позитивното мислење, односно согласност да го завери основниот проект и да сотави до барателот известување со пресметка за плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште (чл.59 ст.9 од Закон за градење).

Одобрението за градење се издава во рок од пет работни дена од доставување на доказ за платен надоместок за уредување на градежно земјиште, односно од денот на склучување на договорот за начинот на плаќање на надоместоткот или договорот со кој е утврдено дека инвеститорот ќе го уреди земјиштето на сопствен трошок, односно од денот на донесувањето на акт врз основа на кој инвеститорот е ослободен од плаќање на надоместокот или од денот на доставување на банкарска гаранција за плаќање на надоместокот или доставување доказ за востановена хипотека во корист на општината (чл.59 ст.13 од Закон за градење).

Градоначалникот на општината кој го издал одобрението за градење е должен на инвеститорот да му достави пресметка за плаќање на трошоците за запишување на објектот во јавните книги на недвижности во електронска форма преку информацискиот систем е-одобрение за градење (чл.59 ст.15 од Закон за градење).

Правна поука: Доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спротивно на Законот за градење или не издаде одобрение, односно не го одбие барањето за одобрение за градење во рокот предвиден согласно Законот за градење, одговорното, односно службеното лице подлежат на кривична одговорност согласно со Кривичниот законик (чл.61 од Закон за градење).

Против решението за одбивање на барањето за одобрение за градење на градоначалникот на општината, односно градоначалникот на градот Скопје може да се изјави жалба во рок од 15 дена (чл.62-а ст.2 од Закон за градење) од денот на приемот на решението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на уредување на просторот (Министерство за транспорт и врски)(чл.65 ст.1 од Закон за градење).

*

Инвеститорот е должен да го пријави започнувањето на изградбата до градоначалникот на општината, градежната инспекција и инспекцијата на трудот, пред започнувањето на изградбата (чл.67 ст.1 од Закон за градење).

Одобрението за градење престанува да важи доколку инвеститорот не почне со изградба во рок од две години од денот кога одобрението за градење станало правосилно (чл.66 ст.1 од Закон за градење).

Инвеститорот е должен градбите од втора категорија да ги изградат во рок не подолг од десет години (чл.68 од Закон за градење).