Закон за просторно и урбанистичко планирање

Член 7,20,21,41

Видови урбанистички планови (чл.7 ст.1 од Закон за просторно и урбанистичко планирање):

– генерален урбанистички план – со генералниот урбанистички план се дефинира планскиот опфат на градовите, односно границата до кај се простира градот

– детален урбанистички план – деталниот урбанистички план дава конкретни податоци за изградба на градби за секоја урбанистичка парцела

– урбанистички план за населено место – се донесува за подобрување на населено место од селски карактер.

– урбанистички план за вон населено место – се изработува и донесува за рурални подрачја, комплекси и градби вон населеното место односно за подрачја кои не се опфатени со генералните урбанистички планови или урбанистички планови за населено место.

 

Намена на плановите

Урбанистичките планови кои се донесуваа им помагаат на граѓаните да си ги остварат своите права на градење објекти од стопански, станбен, деловен или јавен карактер. Со урбанистичките планови се организира градежното земјиште во градежните парцели, се решаваат одредени имотно правни прашања, се овозможува дооформување на парцели и купување на градежно земјиште, се овозможува изградба на потребната инфраструктура до објектите и сл.

Постапка за донесување на урбанистички план

За изработување на урбанистичките планови општините задолжително донесуваат годишна програма, најдоцна до 31 јануари за тековната година (чл.20 ст.1 од Закон за просторно и урбанистичко планирање).

Изработката на урбанистиките планови се финансира од Буџетот на општината, како и од страна на заинтересирани правни и физички лица чиишто програмски барања и подрачја на интерес се прифатливи за општината (чл.20 ст.2 од Закон за просторно и урбанистичко планирање).

Програмата, општините, ја објавуваат во службеното гласило на општината, а во електронска форма и во информацискиот систем е – урбанизам (чл.20 ст.3 од Закон за просторно и урбанистичко планирање).

Општините се должни секоја година да распишат два јавни повици, еден во првиот квартал од годината и еден во третиот квартал од годината, за доставување на иницијативи за изработака на урбанистики планови од страна на заинтересирани физики и правни лица (чл.21 ст.1 од Закон за просторно и урбанистичко планирање).

Секое заинтересирано правно и физичко лице во текот на јавниот повик може да достави иницијатива за изработка и донесување на урбанистичките планови, во електронска форма, преку информацискиот систем е – урбанизам или во писмена форма. Предме на иницијативата може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план (чл.21 ст.3 од Закон за просторно и урбанистичко планирање).

Надлежни органи за донесување на плановите (чл.41 т.3,4,5,6 од Закон за просторно и урбанистичко планирање)

Советот на градот Скопје донесува генерален урбанистички план на градот Скопје и регулациски план на генералниот урбанистички план на Град Скопје.

Советите на општините во градот Скопје донесуваат:  детален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место.

Советите на општините со седиште во град донесуваат: генерален урбанистички план, регулациски план на генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место.

Советите на општините со седиште во село донесуваат: урбанистички план за село и урбанистички план вон населено место