Превенција на детско претстапништво

Здружението ЈУС ЕТ ЈУВЕНТУС Скопје во соработка со Здружение за кривично право и криминологија на Македонија – Скопје, Совет за превентива против малолетничка деликвенција и Македонско пенолошко друштво Скопје аплицираше со предлог-проектот „Превенција на детско претстапништво“ на повикот за акциски грантови (ЦМ-АКТ-05) објавен од ЦИВИКА МОБИЛИТАС (https://civicamobilitas.mk/) и истиот е еден од 12-те одобрени акциски грантови (https://civicamobilitas.mk/vesti/izbrani-se-novi-12-aktsiski-grantisti-na-tsivika-mobilitas/).

Општата цел на овој проект е намалување на детското престапништво во државата. Специфичната цел е мапирање на локалните ризици (во 4 плански региони: Скопски, Југозападен, Полошки и Вардарски) и подобрување на институционалната клима. Оттаму, логиката на интервенцијата, поточно поврзаноста помеѓу општата и специфичната цел е следната: превенција на детското престапништво е можна доколку подобро е разбран коренот на феноменот и доколку институциите изградат и спроведат подобри политики. За подобро да се разбере коренот на детското престапништво потребна е научна анализа – да се дознае што се основните причинители (ризици) на детското престапништво земајќи ги предвид локалните фактори. Откако подобро ќе се разбере коренот на детското престапништво, политиките можат да бидат сообразни. На крајот, не е доволно само да се изградат политики засновани на научни сознанија (evidence-based policies) туку и институциите адекватно да функционираат, со цел спроведување на политиките.