Мој правен советник

Проектот „Мој прaвен советник” е финансиран од Европски фонд за демократија (ЕЕД). ЕЕД е независна организација за грантови, која ги поддржува оние кои залагаат за демократија во европското соседство, Источното партнерство, Блискиот исток и Северна Африка, Западен Балкан и пошироко.

Овој проект има за цел зголемување на знаењата и свеста на граѓаните за општините односно нивната улога vis-à-vis општината. Проектот „Мој правен советник“ ќе се спроведе низ повеќе општини на територијата на Република Северна Македонија, како Општина Карпош, Општина Охрид, Општина Гостивар и Општина Валандово. Овие општини се одбрани со цел да бидат опфатени различни демографски структури. Општините и Здружението ќе соработуваат во областите и сферите на нивното делување, како ширење на знаењето, разбирањето и свеста на граѓаните за актуелните правни реформи и правната пракса на локалната самоуправа. Понатаму, промовирање на принципот за пристап до локалната самоуправа за сите, независно од социјалните, етничките, религиозните, родовите и политичките разлики. Исто така и во насока на градење на капацитети на професионалност на вработените во локалната самоуправа со цел во својата работа да се насочат кон задоволувањето на потребите на граѓаните на начин кој ќе биде транспарентен и одговорен.

Проектот е во времетраење од 18 месеци, за кој период ќе работиме да ја подобриме и да ја олесниме работата на општините, како би придонеле за поефикасно и функционално работење на истите, исто така граѓаните да ги информираме и да ги запознаеме со нивните законски загарантирани права, како и со можностите за нивна заштита. Главната цел на овој проект е да се олесни комуникацијата меѓу општините и граѓаните. Друга цел е граѓаните соодветно да се едуцираат за своите права и одговорности во поглед на локалната самоуправа и процесот на одлучување.

Во врска со тоа, креиран е и овој веб сајт кој на граѓаните ќе им помогне полесно и поефикасно да се справат со прописите во законодавството, од страна на стручни лица кои ќе го пренесат своето богато знаење и искуство. Поточно, сајтот треба да ја претставува основата за натамошно унапредување на заедничките напори во насока на обезбедување на модерни европски општини, во кои граѓаните ќе имаат добри услови за живот и квалитетни услуги. Се надеваме дека сајтот ќе служи како корисен и квалитен прирачник кој ќе биде достапен во секое време и од кој ќе се црпат потребните информации при донесувањето на важните одлуки од локално значење.